EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Тајни кои луѓето ги кријат од своите сопружници

Неодамна, корисник на Редит со прекар dusty_ninja ги прашал другите корисници: „Која е најмрачната работа што ја криете од вашиот сопружник?“ Неколку оженети луѓе споделиле тајни што никогаш нема да им ги откријат на своите сопружници – а некои од нив навистина го кршат срцето.
Во продолжение прочитајте десет тајни на сопружниците кои не можат и не сакаат да си ги кажат.

„Се плашам да му кажам на мојот сопруг дека сум имала афера со оженет маж пред да се запознаеме и да се венчаме. Тоа се случи во време кога не размислував премногу и знам дека е лошо што го направив тоа. Дури и ако мојот сопруг тоа воопшто не го осудува и не му е грижа за моето однесување во младоста, се плашам дека би можел да ме гледа поинаку“, напишала една корисничка на споменатата социјална мрежа.

„Го мразев мојот сопруг откако се породив. Тој ги сака своите деца и ги обезбедува финансиски, но јас правам сè друго – и помага само ако го прашам или научам. Тоа е исцрпувачки и никогаш не сум била толку огорчена/лута на некој во целиот мој живот“.

„Имам две деца за кои жена ми не знае ништо. Две девојчиња забремениле со мене во средно училиште и двете не сакаат ништо со мене. Тоа беше пред повеќе од 20. години, а мојата сегашна сопруга ја познавам околу седум години. Едно мое дете загина во сообраќајна несреќа, а за другото немам информации“, додал друг корисник.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Правилата за влез во Грција

Angela

Денеска облачно и со дожд – еве какво време не очекува во наредните денови, ќе се разочарате!

Angela

Таа заведе татко и син, па на двајцата им роди деца: Животот на актерката беше исполнет со скандали, смртта ја дочека во најголема беда

Angela