EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Тајно отвориле две термоелектрани за да „копаат” биткоини

Компанијата “Link Global” во Алберија, Канада, спровела илегална операција за копање на биткоин, и со цел да обезбеди доволно енергија за тоа, тајно изградиле две термоцентрали, а за кои пак краделе гас од блискиот природен извор.

Како сето тоа да не е доволно, и ќе останеа неоткриени доколку електраните не им направеле бучава на соседите кои се капеле во надворешното џакузи.

Жителите на Грејстоун Манор се пожалиле уште минатата есен на иритантен звук, а како пример го дале „моторот на авионот што се загрева на пистата“.

„Имаме џакузи во дворот“, рече еден жител за Си -Би –Ес Њуз, додавајќи дека тоа е тивка, богата област.
Соседите се организирале и по неколкумесечна истрага, откриле дека „Линк глобал“ никого не известил за своите термоелектрани – ниту локалната самоуправа, ниту сопствениците на изворот на природен гас „Maga Energy“.

Комисијата за електрична енергија „Алберта“ сега бара 5,6 милиони долари од компанијата, за електрична енергија што ја потрошиле за ископување биткоин, како и дополнителни казни.

Утврдено е дека „Линк глобал“ чувал две термоелектрани кои работеле цели 426 дена. Тајните електрани напојуваа 4 генератори со по 1,25 мегавати моќност, голтајќи 210 кубни метри гас на час.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како ќе ни влијае ретрограден Плутон почнувајќи од 1 мај?

Angela

Прво земете здив, па кликнете: Дали е ова најпровокативната снимка на Јелена Карлеуша? (ВИДЕО)

Angela

ОВАА фотографија ја понижува Кејт: Меган блеска покрај кралот Чарлс – нов хаос во кралското семејство

Angela