EXCLUSIVE MK
Компјутери

ТВИТЕР СТАНУВА КАКО ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ – Илон Маск воведува голема промена на платформата, милиони следбеници во исчекување!

Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека платформата ќе воведе видео и аудиоповици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер ги следи Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции за видео и аудиоповик.

Така, корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот Твитер-профил.

Тој додава дека ќе може да се испраќаат и шифрирани пораки, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.

Милијардерот лани ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, нарекувајќи ја „Твитер 2.0 – апликација за секого“. Најавите и тогаш говореа за шифрирани пораки, подолги објави и опции за плаќање преку оваа платформа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Вештачката интелигенција ќе може да создава музика според текстот?

Angela

Борче Стаменов преку фб „Донирај компјутер“ донирал околу 800 компјутери

Angela

Видео: „F1 22“ пристигнува во јули, со поддршка за „VR“

Angela