Гугл“ ја објави годишната листа „Годината според пребарувања“ каде се наведени најпребаруваните поими за 2022 година, на глобално ниво, пренесува „TechCrunch“.
Тенисерите ги освоија трите места меѓу најпребаруваните спортисти. На прво место се наоѓа Новак Ѓоковиќ, на второ место е Рафаел Надал, а на трето место е Серена Вилијамс. Српскиот тенисер освен што го продолжи својот престој на врвот од АТП листата, беше во фокусот на вниманието кога властите во Австралија решија да го депортираат пред првиот грен слем турнир во Мелбурн, цитирајќи грешки во документацијата околу неговиот вакцинален статус.
Џони Деп е најпребарувано лице во 2022, што укажува колку бил следен јавниот судски процес против неговата поранешна жена Амбер Херд, која пак е второто најпребарувано лице за годинава. На трето место на листата се наоѓа Вил Смит, кој беше во центарот на вниманието по скандалот што го предизвика при доделлувањето на оскарите.
Според листата, најпребаруван поим е „Wordle“, популарната онлајн игра која го освои светот на почетокот на годинава. Вториот најпребаруван поим е „Индија против Англија“, откако двете држави се натпреваруваа во рамки на Светсткото првенство во крикет. Третиот најпребаруван термин е Украина.
Војната во Украина е на врвот на листата за најчитани вести, додека втора вест за 2022 година е смртта на Кралицата Елизабета II.