EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

„Те чекам во хотелска соба“, пораката на Наташа Беквалац заврши на погрешен број

Барбиката од Нови Сад, како што ја нарекуваат пејачката Наташа Беквалац пред извесно време доживеа ланепријатност поради која од срам сакала да потоне во земја.

Имено, пејачката на погрешна личност испратила порака наменета за пријател, па таа порака била лошо протолкувана.

-Тоа беше пред една година. Содржината на пораката не беше толку страшна колку што може да биде толкувањето. Имено, дечкото што работи во приватна болница ми е пријател, работевме за Нова година, работев пет ноќи по ред, требаше да ми даде инфузија во хотел. Требаше само да го дадам бројот на собата, напишав: „Хотел тој и тој, те чекам во соба таа и таа“, но му пишав на погрешен Стефан. Добив три прашалници како одговор: „Има ли нешто што треба да знам???“ – открила за еден медиум Наташа Беквалац.

Наташа е позната по тоа што ги смее своите фанови при секое гостување или на социјалните мрежи, па неодамна објави кореспонденција со мајка си во која ја критикува за атрактивната облека.

Наташа неодамна откри дека е повторно заљубена.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Село гори, Северина се чешла“: Со дрско оправдување не доаѓа на суд, еве каде ужива додека бега од рочишта

Angela

Освежителен Барби коктел, спој на мохито, пина колада и лимонада

Angela

„Навали народе“ сред еуфорија: Вардар продава билети за три меча одеднаш!

Angela