Тони Цетински стана дедо. Тој на Инстаграм Стори потврди дека се родила неговата внука Елена.
“Се роди внуката Елена. Честитки за мама Нина и тато Кристијан. Ноно Тони те сака. Сонцето на мојот живот: Елена”, напишал пејачот.
“Што да кажам? Немам зборови. Децата се сонцето на нашите животи на кое треба да посветиме посебно внимание во овие луди времиња”, додаде тој.
Инаку, Кристијан е син на пејачот од првиот брак со Антонела Бутиган, а во февруари на својот профил на Инстаграм објави дека очекува бебе.
Кристијан тогаш не го открил полот на детето, но Тони го стори тоа по три месеци откако објави фотографија од ултразвук на социјалните мрежи. Потоа го откри и името на девојчето.
Тони објави фотографија со својот син за неговиот 18 -ти роденден, а по тој повод му испрати специјална порака.
“Изненадете го вашиот син и допатувајте ненадејно на неговиот 18 -ти роденден. Бесценето. И сега ајде да ја купиме ветената гитара. Ако ова е најубавиот ден во животот на вашиот син, знај дека најубав ден ми беше денот кога си роден. Пред 18 години на овој ден. Среќен роденден, сине “, напишал тој тогаш.