EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

ТРЕТАТА ДОЗА ЌЕ ЈА ПИЕМЕ? Научниците развиваат орална вакцина против ковид-19

Американската компанија „Виријад“ изработува орална вакцина против коронавирусот, која се очекува наскоро да започне да се тестира на луѓе. Досега е познато дека оралната вакцина е тестирана на мајмуни, но научниците заклучиле дека таа може да им се дава и на лица кои веќе имаат антитела од претходната вакцина или ја прележале болеста.

Според д-р Стивен Расел, извршен директор на „Виријад“, оралната бустер-доза користи традиционална технологија во која безопасниот вирус ги пренесува протеините на коронавирусот до клетките на површината на јазикот или на слузницата на образите и грлото, поттикнувајќи го производството на антитела кои можат да го блокираат вирусот пред да навлезе во телото.

– Освен тоа што оралната бустер-вакцина против коронавирусот е многу поедноставна и поприфатлива, таа исто така може да доведе и до подобар имунитет, бидејќи се применува на место од каде што коронавирусот обично влегува во телото – објаснува д-р Расел.

Тој вели дека кај мајмуните, една недела по примањето на оралната вакцина, нивото на антитела во организмот се зголемило за речиси 100 пати без никакви нуспојави.

Во студијата објавена на „BioRxiv“ е наведено дека компанијата „Виријад“ соработува со Американската управа за храна и лекови и дека наскоро се планира испитување врз луѓе.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Од понеделник и во Македонија лицата над 60 години ќе можат да примат трета доза од вакцините против Ковид-19

Angela

Како сокот од цвекло го подобрува имунитетот?

Angela

Само свекрва ми прави компири на овој начин: многу вкусно..

Angela