EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Трета доза досега примиле 499 граѓани, 44 отсто од полнолетното население е ревакцинирано

Гледано на целокупното население, според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3 845 дози вакцини, од кои 958 се аплицирани како прва доза, 2 813 се ревакцинирани, а 74 граѓани примиле трета доза вакцина, информираше Министерството за здравство (МЗ).

По вчерашниот ден, според пресекот направен од МЗ, вкупно се вакцинирани 792 174 граѓани од кои ревакцинирани се 740 822. Откако е достапна и трета доза, заклучно со вчерашниот ден неа ја примиле 499 граѓани.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Гледано на целокупното население, пак, според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пожарите кај Пехчево и Делчево и натаму се шират и загрозуваат повеќе села

Angela

Од денеска парно греење за скопјани

Angela

СЗО загрижена за потенцијалното влијание на омикрон врз пандемијата

Angela