EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Трикови за да ги заштитите очите од гледање во телефон и компјутер

Сѐ повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер и гледајќи во телефон. Ако сте во таква ситуација правете чести паузи и гледајте во билки.

Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите.

Проблеми се сушење на очите, замагкување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите повеќе мали паузи отколку една долга, како и да држите билки во канцеларијата. Тие се добри за превенција на сушењето на очите зашто додаваат влажност.

Освен тоа, мониторот држите го под прав агол во однос на прозорецот и светилките, избегнувајте индиректно осветлување, а очите држите ги 50 до 80 сантиметри оддалечени од екранот – со што ќе го намалите заморот и проблемот со очите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДАЛИ ГО МЕСТИТЕ СВОЈОТ КРЕВЕТ НАУТРО? Еве што кажува тоа за вашата личност

Angela

Што значи да сонувате подморница? Од љубомора до авантура, има различни значења

Angela

Дали постои пријателството со бенефиции

Angela