EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА Медицина НАСЛОВНА

Три секс пози со кои најлесно се забременува

„Секако дека може да се забремени во секоја поза, но овие пози може да ви помогнат тој план побрзо и полесно да го остварите“, вели таа.

За The Sun откри кои пози можат да помогнат жената побрзо да забремени:

Мисионерска поза

Добра е секоја положба во која е возможна длабока пенетрација, а мисионерската поза овозможува мажот да пенетрира до подрачјето пред цервиксот, канал кој ги поврзува вагината и матката.

Даркин советува жената во оваа поза да ги стави нозете врз рамената на партнерот или малку да ги подигне колковите.

„Позите како оваа го зголемуваат чувството на интимност со партнерот, а ќе помогне и во намалувањето на потенцијалниот стрес поврзан со бременоста“, вели таа.

Доги стајл

Исто како мисионерската поза, и оваа овозможува длабока пенетрација до вратот на матката, вели Даркин. Таа советува во позата како оваа, во која на спермата делува гравитацијата, по сексот жената да легне на грб со кренати колкови и нозе во воздух.

Пеперутка

Во оваа положба жената лежи на грб, а партнерот стои или клечи меѓу нејзините нозе. Освен што овозможува длабока пенетрација, во оваа поза не мора да се грижите за гравитацијата на сперматозоидите, а со лицето свртено кон партнерката се поттикнува чувство на блискост.

„Силната интимност е особено посакувана кога сакате секс кој доведува до бременост“, порачува сексологот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Грузија нема победа против Македонија, никој не очекува многу голови

Angela

Русокосата девојка ги „демнела“ играчите на Челси, па била осудена: Што им правела и како ги малтретирала? Била вистинска предаторка

Angela

Коронавирусот го спречи Вардар да игра на Ф4 турнирот во Задар

Angela