И покрај тоа што изгледа речиси невозможно да не се знае како изгледа европската кралица со најдолг стаж, ова е токму она што се случило за време на средба на американски турист со Елизабета Втора.
Еден американски турист налетал на кралицата додека таа ги шетала кучињата за време на одморот во Шкотска, но тој не ја препознал. Поранешниот кралски асистент Ричард Грифин зборуваше за тој непријатен момент.
Тој посочил дека Американецот дури и ја прашала Елизабета дали некогаш претходно ја запознала кралицата.
„Не, но овој полицаец да“, наводно рекла кралицата, покажувајќи кон Ричард.
Сепак, туристот се уште не разбрал дека разговара со шефот на државата и го продолжил својот пат.
Ричард се уште се прашува дали туристот некогаш сфатил дека не ја препознал кралицата.