EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

Угина најстариот бел носорог на светот

Во 54-тата година од животот, во зоолошка градина на северот на Италија, угинал Тоби, најстариот бел носорог на светот, објавила претставничка на зоолошката градина.

Ноно Тоби угинал на 6-ти октомври, рекла за “AFP” Елиза Ливија Пеначиони од зоолошката градина Парко Натура Вива, во близина на Верона.

“Падна на патот кон своето ноќно засолниште, а по околу половина час срцето му застана”, рекла таа.

Тоби ќе биде балсамиран и изложен во научниот музеј “МуСе” во Тренто, каде ќе и се приклучи на Бланка, бел лав од истата зоолошка градина кој угинал пред пет години, објаснила Пеначиони.

Белите носорози обично живеат до 40 години во заробеништво, а до 30 години во дивината, рекла таа.

Смртта на Тоби, која уследила по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012-та година, го остава Парко Натура Вива со единствениот преостанат бел носорог Бен, стар 39 години.

Преостанати се само два примероци на подвидот на северните бели носорози кои живеат во Кенија,а кои вооружени стражари ги чуваат деноноќно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Од денеска во Србија достапна трета доза вакцина против Ковид-19

Angela

Видео: Пијано момче го провоцираше Тајсон и доби по носот?!

Angela

Приватна колекција на оружје „тешка“ 1 милион долари (видео)

Angela