EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Ужасна мајка: Ги оставила децата во автомобил за да може да краде, пожар го “проголта“ возилото

Алиша Мур (24) е уапсена и сега се соочува со две кривични пријави за инцидентот на 26 мај, пишува NBC News. Двете деца, чија возраст не е позната, го преживеале пожарот, но едното се здобило со изгореници од прв степен.

Нејзиниот автомобил бил паркиран во трговски центар во Овиедо, каде што наводно крадела од продавница со „непознат маж“ кога нејзиното возило се запалило, се наведува во извештајот за апсење цитиран од NBC News.

Мур ја фрлила робата и побегнала од стоковната куќа кога видела дека нејзиниот автомобил е зафатен од пламен.

Како што пренесува NBC News, двете деца на крајот успеале да побегнат од запаленото возило и да добијат нега во блиската болница благодарение на помошта на минувачите.

Во извештајот за апсење, исто така, се вели дека едно од децата претрпело повеќе изгореници од прв степен на лицето и ушите пред да може да побегне.

-Полицијата ја уапси Мур по неисполнет налог кој не е поврзан со инцидентот во трговскиот центар Овиедо и ја обвини за подметнување пожар и отежнато занемарување на детето, пишува NBC News.

Додека причината за пожарот сè уште не е позната, според извештајот за апсење, Мур придонела за повредите на нејзините деца бидејќи „пожарот се случил во текот на криминалното дело извршено од Мур“.

Алиша Мур во петокот се изјасни за невина. Нејзината кауција беше одредена на 20.000 долари, а рочиштето е закажано за 27-ми јуни.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто е добро да гледате порно заедно како пар?

Angela

Грешка која ја прават сите жени и затоа косата брзо се масти

Angela

Експерт: Платнените маски не штитат од делта сојот

Angela