EXCLUSIVE MK
Наука - новости

Ултразвучна лепенка која предупредува на проблеми со срцето

Колку порано некој открие дека е во опасност од срцев или мозочен удар, толку подобро. Но, тоа не беше толку лесно досега дури ни со редовни прегледи и следење на препишаната терапија. Сепак, сега постои лепенка која испраќа утразвучни пулсирања со телото на тој што ја носи и така предупредува на потенцијална опасност.

Лепенката ја создаде тим од Универзитетот Калифорнија на чело со професорот Шенг Ксу. Лепенката се носи на вратот или на градите, а се состои од тенок растеглив полимер во кој се сместени 124 милиметарски ултразвучни преобразувачи. Лепенката моментално мора да биде поврзана со компјутер и извор на енергија, но плановите се во иднина да биде безжична и сама да се снабдува со енергија.

Кога се во оперативен начин на функција, сите преобразувачи се способни за испраќање на ултразвучни пулсирачки бранови истовремено. Со тоа се создава ултразвучен зрак кој се фокусира директно на една област од телото до 14 cm под кожата.

Во другиот начин на функција преобразувачите ги испраќаат своите бранови несинхронизирано, но се уште доволно брзо за да формираат еден кохезивен зрак. Во овој случај зракот може да се насочи на различни агли. Тоа значи дека може да се скенираат различни делови од телото брз да мора да се фокусираат само на лепенката.

И во двата случаи зракот патува низ телесните ткива и до големите крвни садови. Зракот потоа се одбива од црвените крвни клетки во садот и се враќа назад до лепенката. Со анализа на фреквенцијата на тоа ехо и поврзаноста со брзината на црвените крвни клетки, можно е постојано да се следи крвниот тек на корисникот, крвниот притисок и работата на срцето во реално време. Тие информации може потоа да се искористат за утврдување дали постои опасност од кардиоваскуларни проблеми.

Тестирањата покажале дека лепенката функционира исто ефикасно како традиционалните ултразвучни сонди. Тие сонди мора да ги контролираат обучени техничари во клиника, а резултатите што ќе ги дадат сзависат од нивните вештини. Тоа не е е така кај лепенката.

„Само залепете ја на кожата и читајте ги сигналите. Не мора некој да ја управува и не претставува дополнителна работа за техничарите, докторите ниту за пациентите. Во иднина пациентите ќе може да носат нешто слично за и кога се дома да се под постојан надзор“ вели Саи Жу, коавтор на студијата.

Студијата неодамна беше објавена во весникот Nature Biomedical Engineering.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кина им забрани на децата да играат видеоигри повеќе од 3 часа неделно

Angela

WhatsApp додава фотографии кои исчезнуваат откако ќе ги погледнете

Angela

Најчестите симптоми на корона кај оние кои биле вакцинирани, а потоа се заразиле

Angela