EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Умерено облачно со температури до 16 степени

Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а преку денот умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, претпладне по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност. Само во четврток во западните делови ќе има услови за локален дожд.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Септември носи оптимизам за три хороскопски знаци

Angela

Овие хороскопски знаци се најдобри шефови

Angela

Поправете ги несовршеностите на лицето

Angela