Сексот е чин во текот на кој телото проаѓа низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото речиси кај сите реагира на многу сличен начин.
Една од тие реакции е и потребата за мокрење по сексот. Таа кај некои може да биде многу силна и моментална, додека кај други жени може да се појави по неколку минути. Но, таа потреба никако не треба да ја игнорирате!
Зошто имате потреба од мокрење по секс?
Човечкото тело е многу софистициран склоп, чија улога е максимално да нè заштити од потенцијални опасности од околината. Една од тие опасности се крие во бактериите.
Имено, во текот на сексот, телото е изложено на бројни бактерии кои можат да се скријат на многу места.
„Во текот на сексуалниот однос, бактериите низ мочниот канал се шират кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со уринирањето по сексот всушност го чистиме, односно испираме мочниот канал од тие бактерии“, објаснува специјалист по урологија, д-р Невен Капун.
Токму поради тоа, доколку почувствувате силна потреба за мокрење по сексот, одложете го галењето со партнерот на неколку минути и прво послушајте го вашето тело.