EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Утревечер заседаваат СДСМ и Алтернатива

СДСМ за утревечер го закажа состанокот на Централниот одбор на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

Седницата требаше да се одржи во вторникот, но беше одложена поради тридневната жалост.

Постапката за избор на нов претседател на партијата, според статутот на партијата, започнува со рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ.

Како што најави самиот Заев, новиот претседател на владеачката партија треба да биде и мандатар на новата влада.

Утревечер заседава и Алтернатива чие централно претседателство треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев да биде дел од Владата во наредниот период.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

На секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот- оваа земја прва ги воведува ознаките

Angela

Ужасна мајка: Ги оставила децата во автомобил за да може да краде, пожар го “проголта“ возилото

Angela

Аргументи за и против: Готвен или свеж спанаќ?

Angela