EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

УХМР: Најмногу дожд во Охрид во изминатото деноноќие

Во Охрид е измерено најголемо количество дожд во изминатите 24 часа, односно 28 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во изминатото деноноќие, според мерењата до 8 часот, 25 литри на метар квадратен наврнат воден талог имало во Дебар, 22 во Претор, 18 во Пожаране, 17 во Штип, 14 во Маврови Анови, Крива Паланка и Крушево, 13 во Битола, 12 во Лазарополе, десет во Тополчани, осум во Прилеп, седум во Тетово, Гевгелија, Попова Шапка, шест во Скопје – Зајчев Рид и Демир Капија, пет во Струмица, три во Берово, Дојран и Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен наврнат воден талог, проследени со електрични празнења и со услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени, а вредноста на УВ-индексот 4.

Во Скопје облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне 24 степени. 24

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Објаснета мистичната сина светлина од пред три години на небото

Angela

Со ужасна повреда чека операција: Наташа модра, Стефан бега од полицијата (ФОТО)

Angela

Летечки автомобили до 2024 година – позната е и цената

Angela