Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20 степени, максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето до вторник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветар, а во четврток, претежно во планинските делови, ќе има услови за краткотраен дожд.