EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Уште 25-мина Македонци евакуирани од Кабул

Рано утрово, втората група од 25 македонски државјани е префрлена од Кабул со воен авион, потврдија за Телма роднини на евакуираните.

Втората група македонски државјани е евакуирана во Дубаи каде пристигнале околу 7:30 по македонско време. Со нив треба да се сретне македонскиот конзул од Абу Даби.

Во Кабул Вќера имаше вкупно 75 македонски државјани разделени во три групи од по 25 луѓе, од кои последната беше сместена во воената база на аеродромот, а првата уште во текот на попладнето беше префрлена во Доха, Катар. Евакуацијата беше отежната поради хаосот на аеродромот во Кабул и покрај обидот на американската војска да обезбеди контрола.

Во нередите загинаа најмалку 7-мина, од кои тројца паднаа од авион што полета бидејќи не успеале да се качат внатре туку останале на авионските крила.

МНР најави прес за 10:30 часот за повеќе детали за евакуацијата од Авганистан на македонските државјани.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЈСП: Студентите од државните факултети во Скопје имаат право на бесплатен билет

Angela

(фото) Вечерва пожар и во Велес – ако не се реагира во опасност се викендички

Angela

Трогнат од судбината на жителите на Украина: Јапонец отвори бесплатен ресторан во Харков

Angela