EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Уште 89 нови случаи на ковид-19 од 1.760 тестови, нема починати

Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 89 нови случаи на коронавирус, при што нема починати. Биле направени 1.760 тестови, а најголем број новозаразени се од Скопје – 48, па следуваат Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево по 3, Велес – 2 и Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница по 1. Меѓу нив има 21 реинфекција.

Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74 години), починато во болнички услови на 25 април.

Регистрирани сe и 156 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга по 2 и Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар по 146

Од почетокот на пандемијата, во земјата се направени 2.013.928 тестирања, при што се потврдени 309.310 случаи на зараза. Бројот на оздравени лица е 299.539, починале 9.278, а моментално има 493 активни случаи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДEНЕСКА Е ВЕЛИКА СРЕДА: Денот кога Јуда го пpедал Спасителот!

Angela

Изгоре жива спасувајќи ја мајка си во тетовската модуларна болница

Angela

На што се „палат“ мажите?

Angela