EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Факти за парите што не сте ги знаеле

Денес за вас издвоивме 20 интересни факти за парите. Веруваме дека ќе ви биде многу интересно додека ги читате, а и сигурни сме дека ќе научите нешто ново.

 

1. Според едно истражување, на 90% од банкнотите на американскиот долар, се пронајдени траги од кокаин.

 

2. Првата хартиена банкнота потекнува од Кина, а е изработена пред 1.400 години.

3. На годишно ниво, бројот на книжни пари што се печатат за популарната игра Монопол е поголем од бројот на вистински печатени пари.

 

 

4. Доколку во џебот имате 10 евра, а притоа немате никакви долгови – насмејте се, побогати се од 25% од Американците.

5. Најголемата книжна пара на светот ја има издадено филипинската влада. Во 1998 година, таа испечатила банкнота со вредност од 100.000 филипински пезоси. Со оглед на фактот што оваа банкнота е во А4 формат и е издадена во лимитиран број, колекционерите ја купувале дури и за 180.000 филипински пезоси.

6. Првиот банкомат е направен и инсталиран во Лондон во 1967 година.

7. Од Австралија до Тринидад и Тобаго, портретот на кралицата Елизабета Втора ги красел валутите на 33 различни земји – повеќе од кој и да е друг човек на светот.

8. За да се справат со проблемот на хиперинфлацијата која достигна рекордно ниво од 23.1000.000%, властите на Зимбабве, издале банкнота од 100 трилиони долари.

9. Според една научна студија, доколку сакате да заштедите пари – не допирајте ништо во продавница! Кога допираме некој производ, веднаш се зголемува желбата да го купиме, па дури и ако треба да платиме повеќе за него.

10. Во 2012 година, 100-те најбогати луѓе на светот, поседувале доволно пари дури четирипати да стават крај на глобалната сиромаштија.

11. На годишно ниво, коцкањето создава повеќе профит од сите филмови, спортови, тематски паркови, крстарења и целата музичка индустрија заедно.

12. Околу 1923 година, парите во Германија, толку многу ја изгубиле својата вредност, што граѓаните почнале да ги користат како тапети.

13. Нацистите фалсификувале британски фунти во вкупна вредност од 134.610.810 фунти. Планот било да ја дестабилизираат британската економија, а овие фалсификувани банкноти и до ден денес се сметаат за едни од најсовршено фалсификуваните пари во светот.

14. Мостовите и капиите кои се прикажани на банкнотите во евра, не ги прикажуваат вистинските градби, туку нивниот стил на градба.

15. Низ историјата, луѓето користеле различни облици на пари, а некои од најпопуларните биле сапун, какао, житарици, животинска кожа, пера, чај, тутун и уште многу други.

16. Во средниот век, витезите не сакале да носат со себе никаков вид пари (злато, сребро…) поради разбојниците. Наместо тоа, тие носеле специјални прстени. Кога витезот некаде требало да плати нешто, на пример, во гостилница, тој го оставал својот печат на парче хартија што гостилничарот потоа ја покажувал во дворецот и во замена за хартијата добивал пари.

17. Едно од првите забележани фалсификувања на пари се случило во 540 година п.н.е. кога Поликрат од Самос користел лажни златници да го исплати долгот кон Спартанците.

18. Денес во светот се употребуваат повеќе од 170 различни валути.

19. Во светот постојат повеќе од 1,6 милиони банкомати, кои од некоја причина, се најкористени во петок.

20. Само 8% од вкупните парични средства во светот се „физички пари“, останатото е во електронска форма.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Меган си тера свој живот, место на крунисување кај Чарлс на планина со друштво

Angela

Денеска облачно и со дожд – еве какво време не очекува во наредните денови, ќе се разочарате!

Angela

ВИДЕО: Публиката во шок, Кортни Кардашијан извади транспарент среде концерт и соопшти дека е бремена

Angela