EXCLUSIVE MK
Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук ќе создаде 10.000 работни места во ЕУ

Фејсбук најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена“, јави ДПА.

Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук Марк Закерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии како што се виртуелната реалност и зголемената реалност“, рече Ник Клег, потпретседател на Фејсбук за меѓународни операции.

„Метавселената има потенцијал да отвори пристап до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе ја обликуваат од самиот почеток”, се вели во соопштението.

Клег, поранешен британски вицепремиер, рече дека инвестицијата е „гласање за доверба во силата на европската технолошка индустрија“, нагласувајќи дека Европа е „исклучително важна за Фејсбук“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

OSIRIS-REx ќе го посети астероидот за кој мислевме дека ќе ја удри Земјата

Angela

Каде не смеете да го поставите Wi-Fi рутерот?

Angela

Астероид двапати поголем од Емпајер Стејт Билдинг ноќеска прелета покрај Земјата

Angela