EXCLUSIVE MK
Кошарка

Финале пред финалето во Токио, Шпанците најголеми губитници!

Четвртфиналето на Олимписките игри во Токио ќе донесе дуел на репрезентациите кои беше проектирано да се сретнат во мечот за титулата.

Дополнителната ждрепка ги спои Шпанија и САД откако двете селекции претрпеа по еден пораз во групната фаза. Иако Американците секогаш се фаворити на големите натпреварувања, не може да се каже кој е во предност пред овој меч кој секако ќе го привлече вниманието на светската кошаркарска јавност.

Кој и да триумфира, ќе има тешка задача и во полуфиналето бидејќи ќе игра против уште еден голем фаворит за титулата – Австралија или Аргентина.

Поради победата против Шпанија, Словенија доби многу полесен пат до завршницата и се чини дека има голема шанса да стигне дури и до финалето. Следен противник на европскиот првак е најголемиот аутсајдер во четвртфиналното друштво Германија, а во случај на триумф Словенците ќе се сретнат со подобриот од пресметката меѓу Италија и Франција.

Четвртфиналните натпревари на Олимписките игри во Токио се на програмата на 3 август.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Никогаш нема да ја заборавам Македонката која прва ми соопшти дека мојот Дражен е мртов“!

Angela

Кошаркар на Лејкерс дојде во Куманово

Angela

Лука Дончиќ со загрижувачка изјава: Не уживам повеќе ….

Angela