EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Форбс: Роналдо најплатен спортист во светот

Португалецот Кристијано Роналдо стана најплатен спортист во светот, објави денеска магазинот Форбс, проценувајќи дека 38-годишниот фудбалер на саудиски Ал Наср заработил 136 милиони долари од приходи на теренот и надвор од него во изминатата година.

На второ место на листата на Форбс е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој лани инкасирал 130 милиони долари, а неговиот соиграч од ПСЖ, Французинот Килијан Мбапе, е веднаш зад него со годишен приход од 120 милиони долари.

По трите фудбалски мегаѕвезди, на листата следуваат НБА кошаркарот Леброн Џејмс со заработка од 119.5 милиони долари и мексиканскиот боксер Канело Алварез со 110 милиони долари.

Меѓу првите десет се голферите Дастин Џонсон (197 милиони долари) и Фил Микелсон (106), кошаркарот на НБА првакот Голден Стејт, Стеф Кари (100.4), швајцарскиот тенисер Роџер Федерер (95.1) и НБА кошаркарот Кевин Дурант (89.1).

Бројките за заработката на спортистите на листата на Форбс ги вклучува сите парични награди, плати и бонуси остварени во периодот меѓу 1 мај 2022 и 1 април 2023 година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Мажите со оваа особина се најдобри во кревет

Angela

Турско Сен Тропе: Летувалиште на брегот на Егејското море кое има повеќе од 300 сончеви денови годишно

Angela

Синдром Петар Пан: Дали сте си имале работа со маж кој никогаш нема да порасне?

Angela