EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

ФОТО: Брижит Макрон во фустан кој ги истакна нејзините тенки нозе

Францускиот ретседател Емануел Макрон и сопругата Брижит во вторникот во Елисејската палата во Париз беа домаќини на корејската претседателска двојка, Јун Су-Хје и Ким Конг-хи. Првата дама на Франција и првата дама на Јужна Кореја разговараа за зајакнување на културната и уметничката размена меѓу овие две земји, а двете се одлучија за деловни, елегантни модни комбинации.

Убавата Корејка, која верувале или не веќе има 50 години, се одлучиал за непогрешлива игра на црно-бело, избирајќи црно, асиметрично плисирано здолниште и совршено скроено бело сако со црни ревери.

Според многумина во овој модел дуел победата ја однела Брижит, благодарение на едноставноста и вродената елеганција кои, како и повеќето Французинки и се вродени.

Оваа 70-годишна жена ја има модата во малиот прст и го дизајнирала својот имиџ и моден стил до последниот детаљ, па ретко кога греши. Таа добро знае какви бои и кроеви и прилегаат, па затоа ретко отстапува од она што е добитна комбинација. Познато е дека Брижит е љубител на неутрални нијанси како сива, бела, црна и тегет.

За овој настан Брижит Макрон избра едноставен фустан со крој до колена во снежно-бела боја.

Оваа креација е донекаде во стилот на 60-тите години на минатиот век, а веќе на прв поглед се гледа дека е квалитетна и остава моќен впечаток. Брижит го комплетираше само со салонки во боја на кожа, кои визуелно и ја издолжија фигурата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ако сте родени во некој од овие три знаци, подгответе се за бурен април

Angela

ФОТО: Траат подготовките за крунисувањето на Чарлс Трети, се подготвува облеката за кралот кој никој не ја носел 70 години

Angela

Живот полн со трагедии и обид за самоубиство: Зад насмевката на Тереза Кесовија секогаш се криела голема болка

Angela