Ким Кардашијан ги остави сите без зборови со бисерниот дизајн на црвениот тепих на Мет Гала. Обожавателите на ријалити ѕвездата ја забележаа сличноста на нејзиниот стајлинг со уште еден момент од нејзиното минато.
Кардашијан се појави на насловната страница на Плејбој во 2007 година во издание слично како она на Мет Галата.
Имено, на сетот кој беше прикажан во епизодата од првата сезона на реалити серијата „Keeping Up With the Kardashians“, таа носеше неколку прамени бисери – без ништо друго под нив.
Иако овој пат таа ги спои бисерите со корсет фустан, тоа не ги спречи фановите да ја забележат сличноста.
Kim Kardashian’s Met Gala 2023 look sparks comparisons to Playboy cover https://t.co/xIj0d0ODso pic.twitter.com/epxB7Zh247
— Page Six (@PageSix) May 2, 2023
-Ве молам, кажете ми дека не сум единствената која веднаш помислила на снимањето на Ким за Плејбој, истакна еден корисник на TikTok.