На десетти јуни, Интер ќе го игра натпреварот на сезоната во Истанбул и во финалето на Лигата на шампионите ќе се соочи со Манчестер Сити. Десетина дена пред тоа првиот напаѓач на тимот, Лаутаро Мартинез реши да се ожени, а големо внимание привлече списокот на гости на кој се најдоа многу фудбалски ѕвезди, но најпознатото име не се појави.
Аргентинскиот напаѓач се ожени со убавата Агустина Гандолфо, со која е во врска со години, а заедно веќе имаат едно дете, а уште едно е на пат. Тие решија да ја крунисаат својата долгогодишна љубовна врска со незаборавна брачна церемонија одржана на езерото Комо. Италијанските медиуми пренесуваат дека имало над 120 гости, а посебно внимание привлекол еден детаљ.
Lautaro and Agustina! pic.twitter.com/mwia7sWmq2
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) May 29, 2023
Лаутаро ги покани повеќето од своите соиграчи од Интер, вклучувајќи ги Един Џеко, Ромелу Лукаку, Стефан де Врај, Данило Д’Амброзио, Самир Хандановиќ, Хоакин Кореа, Роберто Гаљардини и потпретседателот Хавиер Занети. На венчавката присуствуваше и поранешниот играч на Интер, Ашраф Хакими, со кого Лаутаро остана во многу добри односи.
Сепак, покрај сите ѕвезди кои ги видовме на венчавката на напаѓачот на Интер, отсуствуваше и доаѓањето на најпопуларниот Лионел Меси. Лаутаро го покани својот аргентински капитен на венчавката, а Меси се очекуваше да биде придружуван од сопругата Антонела, но тие на крајот не се појавија во Комо. Меси и Антонела веќе неколку дена се во Барселона, каде очигледно имаат многу поважни обврски од присуство на венчевката на Лаутаро и Гандолфо.