EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

(ФОТО) Французите го разграбаа „Плејбој“ за да ја видат министерката зајачица: Втора тура се печати!

Бројот на францускиот магазин Плејбој, на чија насловна се појави Марлен Чиапа, државен секретар за социјална и солидарна економија, брзо беше распродаден, пренесува Франс Инфо.

Како што изјави главниот уредник на Плејбој, Жан-Кристоф Флорентан, 100.000 примероци од списанието со политичарката на насловната страница се распродале за три часа на денот на излегувањето на изданието април-јуни.

Поради оваа причина, одлучено е да се испечатат уште 60 илјади броеви, кои ќе се најдат на киосците многу наскоро.

Забележано е дека во Франција во просек месечно се продаваат по 30.000 примероци од списанието.

Покрај насловната фотографија, списанието содржи и интервју со Марлен Скиапа, во кое таа зборува за правата на жените.

Сепак, поради појавата на еротска содржина во машкото издание, политичарката беше критикувана од нејзините колеги. Така, премиерката на земјата Елизабет Борн позирањето на политичарката го нарече „целосно несоодветно, особено во тековниот период“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Колку изнесува казната за непоседување зимска опрема во возилото?

Angela

Ги спакува куферите и замина од Шпанија – еве каде е во моментов бремената Анастасија, тоа што го јаде им е омилено на трудниците (ФОТО)

Angela

Дневен хороскоп: Среќата ќе биде на страната на еден знак

Angela