EXCLUSIVE MK
Останато

Франција останува стопроцентна во Токио: Ја преслуша и Шпанија во големото дерби

Франција останува стопроцентна на ракометниот олимписки турнир во Токио, откако рано утрово во големото дерби ја совлада силната Шпанија со резултат 37:31.

„Триколорите“ кои разочараа на Светското првенство играат далеку подобро на Олимпијадата во Токио, па сега остануваат стопроцентни на турнирот и по комплетираното четврто коло во групата.

Недим Ремили со девет постигнати гола ја водеше Франција до голема победа, а истата беше посебно најавена во првото полувреме кое и припадна на оваа селекција со 18:12.

Покрај Ремили, се истакна и Деска со седум погодоци, додека во тимот на Шпанија, најефикасен беше Алекс Душебаев со пет погодоци во мрежата на француските голмани.

Од останатите натпревари, Бразил ја победи Аргентина со 25:23, Бахреин беше подобар од Јапонија со 32:30, додека подоцна на програмата е мечот меѓу Данска и Португалија на кои ќе судат Начевски и Николов.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Фетел: Кога заврна, трката се претвори во лотарија

Angela

Отворање на Параолимписките игри во Токио

Angela

Николиќ ги одбра одбојкарите кои ќе настапат на Европското првенство

Angela