EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Француските медиуми со жестоки критики за Нејмар

ПСЖ по осум едноподруго победи на стартот од сезоната во француското првенство изминатиов викенд го доживеа првиот пораз, а со него дојдоа и жестоки критики кон најголемата ѕвезда на тимот.

Рен во неделата славеше со 2-0 против ПСЖ кој настапи и со Мбапе, Нејмар, Меси, Ди Марија… а не упати ниту еден шут во рамките на противничкиот гол.

На најголем удар на француските медиуми по поразот се најде Нејмар. Л’Екип во својата анализа наведува дека Бразилецот е далеку од фудбалер каков бил во времето на настапи за Барселона. „За последните свои два гола потроши 41 удар кон противнички гол“ – пишува Л’Екип.

Според највлијателниот европски спортски медиуми, од Нејмар во техничка смисла нема никаква корист а очигледно е дека и нема некој посебен мотив во него за квалитетни изданија во дресот на ПСЖ.

Извор: Екипа.мк

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ендодонтската терапија е дизајнирана да спаси заб!

Angela

2 пози во кои ЖЕШКАТА АКЦИЈА го достигнува својот ВРВ!

Angela

Урмите се богати со железо, калиум и одлични се во борбата против холестеролот

Angela