EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Фудбалерите вечерва ќе го добијат противникот во мундијалскиот бараж

Фудбалската федерација на Македонија денеска на ждрепката во Цирих (17 часот) ќе го дознае противникот во полуфиналето од баражот за пласман на Светсктото првенство во Катар кое ќе се одржи идната година.

Фудбалерите кои за прв пат во историјата ќе играат во мундијалски бараж, се дел од 12 репрезентации кои ќе се борат за трите слободни места кои носат пласман на СП.

Пласман во баражот обезбедија десетте второпласирани репрезентации од квалификациите, како и и двете репрезентации кои беа победници во групите во Лигата на нации, а беа послабопласирани во мундијалските квалификации (Австрија и Чешка).

За прв пат досега во баражот ќе се одредат три групи со по четири репрезентации, но ќе се игра по принцип на елиминации. Ќе се одредат полуфинални двојки во трите групи, а победниците во меѓусебен дуел ќе го дадат патникот на Мундијалот.

Македонија се наоѓа во групата на неносители и во полуфиналето може да добие една од шесте привилегирани репрезентации, Португалија, Италија, Русија, Велс, Шкотска и Шведска. Според пропозициите, домаќини во полуфиналните натпревари ќе бидат носителите, а тоа значи дека Македонија ќе игра на гости.

Светската фудбалска федерација одлучи да има полудиригирана ждрепка, односно Русија и Украина да не играат меѓу себе и да не се во иста група.

Полуфиналните натпревари треба да се играат а на 24. март идната година, а финалните по кои че бидат познати трите патници за Катар ќе се играат на 29. март.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Angela

Чудесното грчко семе може да го намали холестеролот и до 33 отсто

Angela

Српската пејачка поседува вистински дворец со свое езеро, но ваков автомобил се уште не сте виделе – овој „бесен ѕвер“ чини вртоглави 300.000 евра (ФОТО)

Angela