EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Свет

Фудбалерот Мирчевски со колегите се херои на денот во Србија!

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски и уште четворица неговите соиграчи се вистиснки херои во верижната сообраќајна незгода која вчера се случила на северот во Србија, а која била предизвикана од силниот ветер.

На магистралниот пат Суботица – Бачка Топола се создала таканаречена „песочна бура“ и значително се намалила видливоста на возачите, па настанал верижен судир во кој учествувале 14 возила.

Десетици луѓе минале со повреди поради непрегледноста и незнаењето што ги чека во облакот од прашина, а Мирчевски и неговите соиграчи спречиле поголема трагедија со храбрите реакции.

Мирчевски, Антониќ, Чалушиќ, Филиповиќ и Ѓаковац биле сведоци на драмата и без проблеми минале низ истата, по што решиле да им помогнат на останатите, но и да ги предупредат возачите кои доаѓаат од спротивната страна.

Фудбалерите на ТСЦ се враќале од тренинг кога налетале на густиот облак од прашина, а потегот кој го приредија наидува на голем поздрав во соседна Србија.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

КОСОВО И АЛБАНИЈА СЕ БРАТ И СЕСТРА, А НИВНАТА МАЈКА Е „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ – албанската претставничка на сцената настапи со целото семејство (ВИДЕО)

Angela

СИТЕ ГЛЕДАА ВО НЕА, А МАЛКУМИНА ЗНААТ НИЗ КАКОВ ПЕКОЛ ПОМИНАЛА – животот не ја поштедил водителката на Евровизија (ФОТО)

Angela

На природен начин прочисте ја крвта, со едно овошје

Angela