EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА

Хороскопот открива кои мажи се склони на неверства

Многу работи се запишани во нашиот карактер, но и меѓу ѕвездите. Една од нив сосема сигурно е и верноста во љубовните врски.

Биковите можат да се пофалат со фактот дека веројатно се најверните хороскопски знаци и ќе направат се нивната љубов да трае засекогаш. Ракот се наоѓа веднаш на второто место, но свесни се и тие и сите околу нив дека уживаат во повремено, сосема невино заведување.

Но, кои мажи ја носат титулата најневерни? Откријте во продолжение.

Овен

Припадниците на овој хороскопски знак по природа се ловци. Дури и ако се заљубат, тешко остануваат верни бидејќи секогаш, барем потсвесно, трагаат по нова љубовна авантура. Флертот им е омилена „спортска“ дисциплина.

Близнаци

Близнаците понекогаш се дволични и осветољубиви па се способни да се впуштат во љубовна авантура само за другите да ги направат љубоморни и да им докажат дека се родени заводници.

Стрелец

Припадниците на овој хороскопски знак нема да пропуштат ниту една прилика за заведување, па воопшто не е чудно тоа што постојано менуваат партнерки и главно не знаат како да и останат верни на една жена.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Мажите со оваа особина се најдобри во кревет

Angela

Дневен хороскоп: Еден знак ќе започне во љубовна врска

Angela

Дневен хороскоп: Овој знак го очекува незаборавен ден со саканата личност, а еве што ги очекува родените во месец мај

Angela