EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Хороскопски знаци кои овој август ќе имаат проблеми во љубовната врска

Овој август ќе се појави аспект на астролошки Т-квадрат што ќе доведе до стресни ситуации во повеќе сфери од животот, посебно во љубовното поле кај Водолиите, Бикот и Лавот.

Т-квадрат во астрологијата означува две планети во опозиција (Сатурн и Уран) кои се во квадрат со трета планета (Меркур). Овој период ќе биде особено тежок за љубовните врски на три хороскопски знаци.

Водолија

Со оглед на тоа што Сатурн е во вашата прва куќа, ова може да создаде проблеми околу начинот на кој го гледате вашето тело, односно ќе дојде до појава на несигурност.

Уран и Месечината во текот на август се во четвртата куќа што значи дека во љубовната врска ќе се појават неочекувани негативни емоции. Сонцето и Меркур во седма куќа дополнително ќе ја интензивираат лошата комуникација.

Нема да имате доволно волја за соочување со конфликти.

Бик

Со оглед на тоа што Уран и Месечината се во вашата прва куќа, ова може да создаде неочекувани емоции кои ќе испливаат на површина кога станува збор за вашата перцепција за тоа кој сте во овој момент и како станувате. Ќе увидите дека не сте задоволни со самите себе и дека правите тоа што другите ќе ви кажат.

Сатурн е во  десеттата куќа поради што ќе станете незадоволни од напредокот во кариерата. Сонцето и Меркур во четвртата куќа ќе ја нарушат динамиката на љубовниот однос. Ќе го увидите тоа што можеби не сте сакале да го сфатите досега.

Таа вистина ќе направи важна промена во животот. Ќе успеете да вратите дел од автентичноста што сте ја изгубиле.

Лав

Сонцето и Меркур се во првата куќа што значи дека ќе станете свесни за вашата природа и целта на овој свет. Спротивно на тоа, Сатурн во седмата куќа ќе создаде чувство на ограничувања во љубовната врска ќе сфатите дека вие и вашиот партнер повеќе не сте компатибилни.

Уран и Месечината се во десеттата куќа и тие ќе ве натераат да се ослободите од сите предизвици во кариерата кои ве спречуваат во напредокот. Интуицијата ќе ви помогне на кои работи треба да се посветите, а кои да ги оставите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хоџа: Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје

Angela

Македонија во операција за прво освојување на Исланд!

Angela

Работи кои можете да ги направите кога ќе ја ИЗГУБИТЕ желбата за секс!

Angela