EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Хороскоп за вторник, 16 ноември

Овен
Љубов:
Често го менувате вашето расположение или одлуки. Она што го премолчувате е поважно од работите што ги кажувате на партнерот.
Работа:
Се потпирате на лично расудување, но независноста има свои добри и лоши страни. Не можете секогаш да ја донесете вистинската одлука.
Здравје:
Ќе уживате во активен одмор и психофизичка релаксација.

Бик
Љубов:
Не се безначајни недоразбирањата кои ве следат во љубовниот живот, но не се тема која упорно треба да се повторува.
Работа:
Претерувате со различните барања што ги поставувате пред вашите соработници. Ве очекуваат негативни коментари и нечие незадоволство.
Здравје:
Изгледате напнато, ќе ви годи психолошка релаксација.

Близнаци
Љубов:
Делувате самоуверено и расположено, наспроти партнерот кој вешто го крие своето незадоволство.
Работа:
Не е тешко да направите добар избор во ситуација кога ви се нудат интересни идеи или кога соработниците даваат значителна поддршка.
Здравје:
Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.

Рак
Љубов:
Постојат различни ограничувања. Не можете да добиете се што сакате, без разлика какви трикови користите пред саканата личност.
Работа:
Ви недостига дипломатија и такт при средбата со соработниците. Премногу вистина понекогаш може да боли.
Здравје:
Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа.

Лав
Љубов:
Доколку ви е важно да привлечете нечие внимание, користете ги вашите главни адути во заведувањето.
Работа:
Не треба никого да убедувате во вашите добри намери или способности, чекајте го крајот кој носи деловни резултати.
Здравје:
Обрнете внимание на поведри содржини, опуштете се.

Девица
Љубов:
Избегнувајте личност која делува депресивно на вашето расположение. Фокусирајте го вашето внимание во позитивна насока.
Работа:
Не ви се допаѓа нечија критика или двосмисленост кога се договорате околу изборот на заедничка тема.
Здравје:
Важно е рационално да ги користите времето и енергијата.

Терезија
Љубов:
На средба со блиска личност понекогаш не се доволни само „големи зборови“, важни се делата. Треба да направите некој посебен гест.
Работа:
Делувате љубопитно и амбициозно, па проверувате различни информации кои влијаат на нивото на деловна соработка.
Здравје:
Опуштете се во добро друштво, ќе ви годи релаксација.

Скорпија
Љубов:
Ви недостасува емоционален стимул, но не сакате да се помирите со пасивна улога. Слободно повлечете „изненадувачки“ потег.
Работа:
Во одлична форма сте, обидете се да оставите добар впечаток на околината. Важно е правилно да се вклучите во различни насоки.
Здравје:
Обидете се правилно да ја насочите вашата креативна енергија.

Стрелец
Љубов:
Избегнувајте ги сите ситуации во кои премногу се возбудувате. Треба да ја надоместите грешката што сте ја направиле кон блиска личност.
Работа:
На средбата со соработниците се обидувате да ја наметнете својата волја. Сепак, против ваша волја некој го има последниот збор.
Здравје:
Ќе ви годи поголема количина на витамини и течности во вашата исхрана.

Јарец
Љубов:
Партнерот понекогаш не ги разбира сите ваши идеи, треба да разјасните за вообичаените недоразбирања.
Работа:
Ве привлекуваат големи предизвици, во вас започнал натпреварувачки импулс и не можете да се задоволите со просечни резултати.
Здравје:
Подобрете ја вашата психофизичка состојба.

Водолија
Љубов:
Изгледате вознемирени, се воздржувате пред личност која не се грижи за вашите чувства или не го почитува дадениот збор.
Работа:
Некој ве става во неблагодарна ситуација, чувствувате потреба да ги браните вашите права или деловни и финансиски интереси.
Здравје:
Обидете се да ја контролирате импулсивната страна на вашата природа.

Риби
Љубов:
Отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Не треба да се залажувате со илузии.
Работа:
Во заеднички интерес е да се минимизира деловниот и финансискиот ризик. Почитувајте го договорот правилно.
Здравје:
Треба да се ослободите од непотребните грижи.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Нема да ви се верува колку чини „Ролексот“ на Јована Јоксимовиќ – украсен со дијаманти и злато

Angela

Овие луѓе се НАЈЛОШИ љубовници – себични се и ненаситни

Angela

„Воланот му беше во градите, го погледнав и реков – убив човек“: Милан Калиниќ проговори за сообраќајката која целосно му го промени животот

Angela