EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Храна за одвикнување од цигарите – да, постои!

Откажувањето од пушењето е многу тешко, секој што живее со овој порок го знае тоа, но постојат начини да се откажете од пушењето и да се борите против нападите на глад и грицкањето на нервна база. Методот е едноставен: изберете храна чиј состав е таков што ја неутрализира желбата за пушење (но и ефектот на никотинот)!

Познатиот универзитет Дјук од Северна Каролина спроведе студија на која експертите најмногу се потпираат кога советуваат што да јадете ако се обидувате да се откажете од пушењето. Во рамките на оваа студија, беше утврдено дека одредени видови храна и пијалоци прават цигарите да имаат подобар или полош вкус, а во експериментите учествувале повеќе од 200 пушачи.

Утврдено е дека овие намирници се идеален избор за оние кои сакаат да престанат да пушат.

Млеко или јогурт

Млечните производи се идентификувани како вид на храна или пијалок што го влошува вкусот на цигарите, па затоа е поверојатно дека пушачот нема да почувствува потреба за цигара или нема да ја заврши откако ќе испие чаша млеко.

Зеленчук

Истражувањата покажаа дека доколку цигара се запали веднаш по јадењето зеленчук, тоа нема да му биде пријатно на пушачот, затоа задолжително внесете што е можно повеќе свеж зеленчук во вашата исхрана. За да ги подобриме работите, оваа група на храна е толку широка и обезбедува огромен опсег на вкусови, па не е тешко да се примени овој трик!

Овошје

Цигарите делуваат, меѓу другото, со блокирање на апсорпцијата на одредени хранливи материи, пред се витамините Ц и Д и калциумот. Верувале или не, само една цигара му одзема на организмот дури 25 милиграми витамин Ц! Затоа е исклучително важно да се зголеми внесот на портокали, лимони и други овошја кои обезбедуваат залихи на важни групи на хранливи материи.

Гума за џвакање

Научниците од Универзитетот Дјук не ги вклучиле гумите за џвакање во своето истражување, но тие одамна се добро познат рецепт за пушачите кои сакаат да го намалат или да се откажат од пушењето. Тие ги смируваат нервите и и даваат „хоби“ на усната шуплина за да ја намалат потребата од цигари и, воопшто, да придонесат за намалување на желбата за пушење.

Чај од женшен

Истражувањата покажаа дека овој чај е многу ефикасен во намалувањето на ефектите кои никотинот ги има врз телото, што е одлична опција доколку сакате да го детоксицирате телото додека се откажувате од пушењето.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ВИДЕО: Насмеана шума, огромно „смајли“ се појавува секоја есен

Angela

Грузија нема победа против Македонија, никој не очекува многу голови

Angela

Дончиќ го импресионираше Попович: Замислете да постои Југославија…

Angela