Банани. Ако сакате сексот да трае подолго, тогаш припремете се за предиграта со тоа што ќе изедете една банана. Бананите се одлични за покачување на издржливоста во спалната. Тие содржат витамин Б, кој е потребен за претворањето на јаглехидратите во енергија. Некои експерти тврдат дека бананите помагаат за производството на хормони, како тестостеронот.
Целер. Дајте му на вашиот партнер неколку стапчиња целер и ќе се изненадите колку привлечен наеднаш ќе стане. Суровиот целер содржи машки хормони – андростерон, кои ги привлекуваат жените. Само по неколку залаци неговото тело ќе започне да испушта феромони. Ако вие не се чувствувате расположени каснете целер. Тој го подобрува расположението кај жените.
Ѓумбир. Овој моќен корен ја стимулира циркулацијата на крвта и со тоа поголемо количество крв оди во гениталиите. Вдишувањето на мирисот на ѓумбир помага многу повеќе за зголемување на потокот на крв кон гениталиите, отколку јадењето на ѓумбир.
Мед. Медот содржи прости јаглехидрати кои го снабдуваат телото со енергија и ги хранат мускулите. Исто така медот содржи и витамин Б, кој е потребен за производството на тестостерон.