EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Храна која ја стимулира желбата за интимност во спалната

Банани. Ако сакате сексот да трае подолго, тогаш припремете се за предиграта со тоа што ќе изедете една банана. Бананите се одлични за покачување на издржливоста во спалната. Тие содржат витамин Б, кој е потребен за претворањето на јаглехидратите во енергија. Некои експерти тврдат дека бананите помагаат за производството на хормони, како тестостеронот.

Црно чоколадо. Истражување во Италија покажува дека жените кои јадат чоколадо секој ден, имаат позадоволен сексуален живот. Чоколадото го предизвикува производството на ендорфини, од кои ни се подобрува расположението. Ако се плашите дека чоколадото ќе ја наруши вашата линија, каснувајте само неколку коцки после вечера, но не претерувајте.

Целер. Дајте му на вашиот партнер неколку стапчиња целер и ќе се изненадите колку привлечен наеднаш ќе стане. Суровиот целер содржи машки хормони – андростерон, кои ги привлекуваат жените. Само по неколку залаци неговото тело ќе започне да испушта феромони. Ако вие не се чувствувате расположени каснете целер. Тој го подобрува расположението кај жените.

Ѓумбир. Овој моќен корен ја стимулира циркулацијата на крвта и со тоа поголемо количество крв оди во гениталиите. Вдишувањето на мирисот на ѓумбир помага многу повеќе за зголемување на потокот на крв кон гениталиите, отколку јадењето на ѓумбир.

Мед. Медот содржи прости јаглехидрати кои го снабдуваат телото со енергија и ги хранат мускулите. Исто така медот содржи и витамин Б, кој е потребен за производството на тестостерон.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да си ја зголемите желбата за секс?

Angela

Ѓоковиќ сепак се враќа на терените годинава

Angela

Колку пониски сметки ќе добиваат граѓаните приклучени на парно

Angela