EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет Фитнес

Хрватска има најдебели граѓани во ЕУ, ќе се препишува фитнес на рецепт!

Во Хрватска се одржа седмата конференција по повод воведување на националниот ден за свесноста околу дебелината, на која беа изнесени застрашувачки податоци за состојбата со оваа појава во земјата.

– Околу 35% од децата и 65% од возрасните имаат прекумерна телесна тежина и дебелина. Младите се на петто место во Европа, додека возрасните се шампиони, и во машка, но и во женска конкуренција,- изјавила Сања Мушиќ Милановиќ од Хрватскиот завод за јавно здравство.

Според неа, во 2019 година Хрватска потрошила околу 1,7 милијарди евра за лечење на болести кои се поврзани со дебелината, што претставува 2,7% од бруто националниот приход.

– Ако вака продолжиме, во 2060 година ќе трошиме околу 3,5% од БНП, што тогаш ќе изнесува 5,8 милијарди евра, за нешто што што може да се спречи.

Во нејзиното обраќање хрватските медиуми забележале дека било речено дека „дебелината е резултат на опкружувањето во кое живееме, а во кое внесуваме повеќе храна, а трошиме помалку енергија“.

Како одговор на новинарското прашање зошто тогаш владата ги субвенционира или ги штити цените на некои намирници како белото брашно и маслото, бил даден одговор дека „секоја храна може да се користи, но потребно е умереност“.

Гојазноста е болест и претставува фактор на ризик за појава на други болести, првенствено на кардиоваскуларни, а потоа и на заболувања на локомоторниот систем, менталното здравје и некои типови на карцином.

Министерството за здравје во Хрватска минатата година формирало комисија за изработка на предлог за Акциски план, по што треба да уследи дебата за него, но се очекува истиот да биде донесен ова лето.

Хрватскиот завод за јавно здравје има три советувалишта во кои имаат мулти-дисциплинарен пристап бидејќи во него работат: нутриционист, кинезиолог, доктор и психотерапевт.

Сличен проект е покренат и во Домот на здравјето „Центар“ во Загреб, каде што во склоп на дијабетолошкиот центар се организирани со нутриционист, фармаколог и дијабетолог, а планираат да воведат и спортување на лекарски рецепт.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ролинг стоунс со прв албум по смртта на тапанарот Вотс

Angela

Премиерот не е најпопуларен: Македонските политичари на социјалните мрежи

Angela

ПОБЕДНИЧКАТА НА „ГРАНД“ СЕДНА ВО ПОДАРЕНИОТ АВТОМОБИЛ – од тоа што и го порача Саша Поповиќ кога ќе се врати со него во Струмица се смееја сите (ФОТО)

Angela