EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Цената на барел нафта на највисоко ниво, ќе поскапат горивата

Вообичаено во понеделник, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги утврдува максималните малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија. Тоа најмногу зависи од цената на нафтата на светските берзи и односот на денарот спрема доларот.

Цената на барел нафта на лондонската берза порасна и минатата недела, и тоа е шеста недела по ред, достигнувајќи ново највисокото ниво во последните три години. Се очекува зголемување на побарувачката , која и натаму треба да расте, а понудата е ограничена.

Од почетокот на годината цената на лондонската берза се покачила за над 50 отсто. Цената на лондонската берза за барел нафта е зголемена за 3 отсто, на 84,85 долари, а на американската берза цената е 82,28 отсто, што е највисоко ниво од октомври 2014 година.

Се проценува дека цената за нафтата ќе продолжи да раст, но и за другите енергенси, поради опоравување на светската економија, а останува ограниченото производство. Според проценките дневно порастот е за 170.000 барели, и вкупната побарувачка е на ниво од 5,5 милиони барели.

Цените на нафтените деривати во моментов се на највисоко ниво последниве две години.

Литар Еуросупер БС-98 чини 77,5 денари, а Еуросупер БС-95 чини 75,5 денари за литар. Дизелот е по цена од 67,5 денари за литар.

Денеска се очекуваат новите цени што ќе важат оваа недела.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Болката е неподнослива: Богдана не може да застане на нозе по породувањето, сите се со неа, Вељко занеме од шокот

Angela

Објавена последната порака на британскиот милијардер заглавен во исчезнатата подморница – по оваа порака ќе почнете да се сомневате и вие

Angela

Нови цени на горивата

Angela