Литиумот е клучен метал за изработка на акумулаторите на новите возила со хибриден или електричен погон, а неговата цена на светските берзи од 8.000 долари стигна до 60.000 долари за еден метрички тон.
Порастот најмногу се почувствува последниве две години, а неодамна во Конгресот на САД, генералот Лора Ричардсон беше цитирана дека се пожали на недостигот на западни инвестиции во Јужна Америка,, која поседува големи природни резерви на литиум. Во нејзиниот говор беше предупредено дека Кина го преземала приматот.
Како реакција на ова, боливискиот претседател Луис Арсе, испрати остар одговор укажувајќи дека соработката со Кина вклучува и трансфер на технологија. Тој и претходно изјави дека е потребна блиска соработка меѓу Аргентина, Чиле и Боливија во експлоатацијата на литиумот и конкретно побара тие земји „сами да одлучат за цената што ќе одговара на нашите економии“. Според извори на медиумите што го цитираат „Блумберг“, овие три земји заедно со Бразил преговараат за поблиска соработка во извлекувањето на своите големи резерви на литиум, но и во сопственото производство на литиумски батерии и електрични автомобили.
Наспроти состојбата со резервите, Австралија која се проценува дека има три пати помалку залихи од Боливија, во моментов е светски лидер во производтсвото, односно во 2022 година подмирила 47% од побарувачката на светско ниво.