EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Цените на бензинот и дизелот не се менуваат, мазутот со мало поевтинување

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на безнинот и на дизел горивата на бензинските пумпи. Бензинот од 98 октани останува со цената 78,5 денари по литар,  „обичниот“  бензин по цена од 76,5 денари, дизел горивото ќе се продава и натаму по цена од 68,5 денари, додека нафтата за домаќинствата останува со цената од 68 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден/кг.

Регулаторната комисија потсетува дека тоа се максималните цени на нафтените деривати, но дека трговците со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

„Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,04%, кај дизелот за 0,304 %, кај екстра лесното масло за 0,357 % и кај мазутот за 0,402 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,454 %“, се вели во соопштението од Регулаторната комисија за енергетика.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Макрон и Путин: Потребно е смирување на миграциската криза на полско-белоруската граница

Angela

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Angela

Колку изнесува бројот на милионери ширум светот?

Angela