Пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца за својот јубилеен педесетти роденден ги отвори вратите и го покажа својот дом во Белград. Во новата 38 епизода од нејзиното шоу „Цеца и деца“ на гледачите им откри за нејзините роденденски желби, а потоа во едноделен црвен костим за капење го покажа и својот се уште неодолив сексапил, како ибазенот кој го изгради пред две години.
Покрај делот за пливање рече дека има и сауна и простор за масажа. Во новата епизода зборуваше и за својот телесен изглед и рече дека тоа е резултат на исхраната. Но Цеца практикува и посебни вежби.
Не сака да дава препораки, но сите ги советува да имаат чести оброци без слатки и газирани пијалоци и алкохол.
Фолк дивата вели дека кондицијата ја одржува и заради изгледот, но и за здравјето. Призна дека често јаде месо и салати и тоа е нешто што го препорачува за секој кој практикува некаква диета, но откри дека и за секој пост редовно пости.