EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

ЦУК: Низ джавата сè уште има активни пожари

Центарот за управување со кризи утринава информира дека состојба со активни пожари до 09:30 часот изгледа вака:

Кумановски регион

Пожарот кој започна на тромеѓето поеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино, општина Старо Нагоричане е сеуште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Ранковце, 11 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население.

Од утрото во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на АРСМ. Поради ветерот пожарот е проширен на поголема површина. Хеликоптерот дејствуваше до 12:00 часот, и во попладневните часови. Со пожарот се зафатени и неколку стари куќи. Пожарот е сеуште активен.

Пожар во атар на с.Дренак. Во повисокиот дел од селото со пожарот биле зафатени неколку стари напуштени куќи, опожарена е една црква и училиштето. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума. Од 16:00 часот, активен е пожар во атар на с.Мургаш. Со пожарот е зафатена поголема површина на сува трева, нискостеблеста деградирана шума. Со пожарот биле зафатени и стари куќи во с.Мургаш. Причина за пожарите е силниот ветер кој направил спој на жици кои предизвикале повеќе пожари.

Во општина Липково пожарот во атар на с.Белановце е уште активен. Гори сува трева и дабова шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 3 лица од ШС од Куманово и 20 мештани. Според информацијата од ШС Куманово се надеваат дека во текот на ноќта ќе го стават под контрола.

Во општина Крива Паланка во с.Варовиште е уште активен пожарот и е запалена сува трева, ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума. Според информацијата од ПС Крива Паланка веќе се изгорени една куќа и една штала.

Струмички регион

Шумскиот пожар кој се појави околу 13:00 часот на ден 01.08.2021 година кај м.в. Погана, општина Валандово е сеуште активен. Поради појава на засилен ветер од северен правец пожарот е проширен во правец на Богданци и Казан Дол. Во гаснењето на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Валандово, од ШС Саланџак и ДЗС Валандово.

Битолски регион

Пожарот кој започнал од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци, општина Прилеп сеуште е активен и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилеп и 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Битола како и поголем број на жители од селото со сопствени трактори. За настаната состојба известени се ДЗС Прилеп и СВР Прилеп како и ЕЛС Могила, ЕЛС Новаци, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп под контрола. На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото.Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, општина Прилеп сеуште е активен и има зафатено голема површина. Во гаснењето интервенирале 8 пожарникари со 2 ПП возила.

Штипски регион

Пожар во близина на с. Нов Истевник мв Пасјак, општина Делчево, опожарено е шума од црн бор, јасика и бука на поголема површина. Интервенираат од ТППЕ Делчево со 2 цистерни и 1 теренско возило и 11 пожарникари а вклучени се и ШС Голак со 15 луѓе и 2 мв Лада Нива, Гранична полиција со 1 човек и Ландровер со кој се транспортираат, ШС од Берово и ШС од Пехчево. Се работи за тешко пристапен терен.

Пожарот е активен и е проширен на територија на општина Берово и Пехчево. Во гаснењето на пожарот интервенираат и припадници на АРСМ. Според последните информации со пожарот е зафатена високостеблеста шума од поголеми размери.

Во општина Кочани активен е пожар кој беше предизвикан од паднат далекувод кај мв Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е надвор од контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух. Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Виница, а направени се напори да бидат ангажирани сили на АРСМ и ДЗС. Според последните информации пожарот е сеуште активен.

Скопски регион

Запалена мешана шума во атар на Катлановска бања кон с.Градманци и село Коњари. Во гаснењето на пожарот интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило. Утрово екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило е отидена во гаснење на пожарот кој сеуште е активен.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Расте бројот на нови случаи на Ковид-19, има и починати

Angela

Руне покажа дека е голем талент, но Ѓоковиќ е најголемиот во светскиот тенис

Angela

Во Скопје 18 пожари, секој час се отвораат нови жаришта низ земјава

Angela