EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Човекот кој прв објави за новиот договор на Мбапе излезе со „бомба“ за Зидан

ПСЖ имаше разочарувачка сезона во поглед на изданието во Европа и тоа беше доволно добра причина за голема револуција во тимот, која всушност започна со отказно решение за спортскиот директор Леонардо.47

ЗАминувањето на Бразилецот беше само почеток на она што допрва ќе следи, бидејќи следна голема жртва на листата е Маурисио Покетино кој веќе е прецртан од одговорните лица и само се чека да се договори неговиот наследник.

Останувањето на Килијан Мбапе е голем плус за градење на стабилен проект и се очекува ова лето да видиме големи промени во Париз, од каде сега пристигна и една сензационална информација поврзана за новиот тренер на „светците“.

Иако медиумите неколку дена пишуваа дека главен фаворит е Галтие и дека тој е прв фаворит на управата, сега дошло до голем пресврт и ваквиот расплет е пренесен од човекот кој прв го најави пристигнувањето на Меси во Париз, како и го навести останувањето на Мбапе минатиот месец.

Новинарот Даниел Риоло во емисијата на „Радио Монте Карло“ порачал дека Зидан се премислил и дал зелено светло да го преземе ПСЖ, па тој ќе биде идниот тренер на „светците“ и наследник на Покетино кој ќе биде второ „жртвено јагне“ на Насел Ал Келаифи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во календарот имаме една грешка, сте ја забележале ли до сега?

Angela

Кина им забрани на децата да играат видеоигри повеќе од 3 часа неделно

Angela

Денеска ќе имаме сончево време – Познато е до кој степен ќе се движат температурите

Angela