EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

„Чудовиште“: Зграда со 10.000 луѓе

Хонг Конг со право го нарекуваат „бетонска џунгла“, бидејќи сликата која ја создаваат облакодерите, зградите и луѓето, тешко поинаку би се опишала. Една од зградите која е совршен одраз на густината на населеноста, се наоѓа во источниот дел на градот во квартот Quarry Bay.Таму се сместени бројни индустриски и резиденцијални простори, но ниту еден не е толку необичен како „Чудовиштето“, зградата која има сликовит прекар по својот дистописки изглед.

Тоа всушност не е една туку пет споени огромни згради, кои сочинуваат комплекс од 18 ката во облик на буквата „E“. Во 2243 станови живеат 10.000 луѓе. Зданието кое предизвикува стравопочит со својата големина, изградено е во 60-тите години на минатиот век, во екот на недостаток на станбен простор, како помош на владата за луѓето со ниски приходи. Комплексот е сличен на останатите субвенционирани станови изградени во тој период – горните катови наменети за домување, а долните за продавници.

Поради својата симетрија и грандиозност, објектот е честа мета на фотографите, но и на филмаџиите. Овде се снимени „Дух во оклоп“ и „Трансформери“. Бидејќи со времето, зградата станала и туристичка атракција, станарите инсистирале да се стават известувања за забрането фотографирање, а посетителите се молат да не им пречат на станарите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Екс сопругата на Огњен Амиџиќ фатена со новото момче, први фотографии од заљубениот пар

Angela

На крунисувањето на Чарлс е снимен непоканет гостин-дух: Многумина веруваат дека тоа е „Смртта со режа“ (ВИДЕО)

Angela

Астролозите го одредија најдобриот датум за венчавка во 2022 година – Еве кој е тој

Angela