EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Шакира во фустанче од 1.000 евра: Ги „запали“ социјалните мрежи! (ФОТО)

Шакира имаше одлична ноќ на настанот Billboard Latin Women in Music 2023 и тоа само дополнително го зголеми впечатокот дека таа напредува во животот по разделбата од Жерар Пике.

За таа прилика, колумбиската пејачка избра краток црн фустан без ракави, дизајниран од грузискиот дизајнер Дејвид Кома, стар познаник на пејачката. Шакира и во други прилики носела дизајни од Кома, особено во музички спотови и во емисиите во пои се појавува.

Шакира по пристигнувањето на настанот не прошета по црвениот тепих, ниту позираше пред камерите, но сите погледи беа вперени во неа кога излезе на сцената за да ја прими наградата што ѝ ја додели нејзиниот сонародник Малума.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Краткиот црн фустан со кожени украси на деколтето и на работ на здолништето е во рокерски стил, сосема во склад со личноста на Шакира.

Според „Пипл“, цената на фустанот е 960 долари и е дел од колекцијата Resort 2023 на дизајнерот.

Шакира го комплетираше својот изглед со чевли на платформа Versace Salon Tempest, со приближна вредност од 1.735 долари.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МЗ: Ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата

Angela

8 ГОДИНИ ПОДОЦНА ЕВРОВИЗИЈА МУ МАВНА ШЛАКАНИЦА – победникот на кој сите се сеќавате разочаран, организаторите му го забранија ова! (ФОТО)

Angela

И ДЕНЕСКА ДОЖД – деновиве уште поголемо разочарување, еве какво време не очекува

Angela