EXCLUSIVE MK
Шоу биз

ШАКИРА СЕ СЕЛИ ОД БАРСЕЛОНА – овие зборови на родителите на Пике кон пејачката биле пресудни, фановите се прашуваат зошто полицијата се уште не реагира!

Во изминатите 24 часа, различни шпански медиуми ја пренесоа веста според која Шакира ја напуштила Шпанија, каде што живее во последните години заедно со двата сина Милан (9) и Саша (7), оставајќи го зад себе и нејзиниот сега веќе поранешен партнер, Жерар Пике.

Со спортистот, пејачката е романтично поврзана во последните повеќе од 10 години, но, како што е познато, идилата последниве месеци заврши со разделба за која многу се зборуваше и која остави тешки последици.

Тие двајца, во светло на неверството на Пике, не се разделија најдобро. Меѓу другото, доста се пишуваше и за тоа дека неговите родители моментално немаат посебни симпатии кон колумбискката уметница.

За некои, преселувањето на Шакира заедно со децата во Мајами е малку избрзано. Таа пак, неодамна објасни дека сака што побргу да оди за, меѓу другото, да го фати почетокот на училиштето за децата, по пролетниот одмор. Сепак, сега се открива уште една причина за такво брзање.

Имено, Шакира решила да побегне од Барселона за да стигне до Мајами особено по меилот кој го добила од поранешниот свекор и свекрва.

Извори блиски до парот, пренесени од The ​​Mirror и Page Six, велат дека на 13 март, родителите на фудбалерот и испратиле имејл на Шакира во кој се барало да го напушти својот дом во Барселона што го „окупирала“, најдоцна до 30 април: Ако не ги следи упатствата,  би требала да плати отштета на семејството Пике.

По завршувањето на нивната врска, Шакира и Пике (кои никогаш не се венчале) морале да се договорат од една страна за старателството над децата, од друга за поделба на нивниот имот, вклучувајќи ја и куќата. Така, поранешната двојка одлучи да ја стави на продажба куќата во која заедно живееле, делејќи го профитот.

Додека Шакира допрва треба да започне нов живот со двете деца во САД, Жерар Пике веќе ужива во својата нова сентиментална фаза во друштво на својата млада партнерка. Како што сега е познато, спортистот сега е во врска со Клара Чиа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

АНАСТАСИЈА СКРИШУМ ГО СНИМАШЕ ГУДЕЉ: Сите гледаа во неговата глава, фудбалерот без ниту едно влакно на косата – видеото каде е ќелав тешко да и го прости!

Angela

ХИТ ВИДЕО: Водителката Сања Маринковиќ избега како „ѓавол од темјан“ кога ја виде Јелена Карлеуша

Angela

НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА САКА ДА ГОСТУВА ВО „АМИЏИ ШОУ“ – Александра Младеновиќ облече ултра кратко фустанче, а по овој кадар камерманот ќе добие „покачување“

Angela