EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Шварценегер откри детали за неверството: Сè се дозна кога детето почна да личи на мене – цело семејство беше скршено

Арнолд Шварценегер зборуваше за аферата што ја имал во 1996-та година со домашна помошничка додека сè уште бил во брак со Марија Шрајвер.

Актерот (75) би требало да ја раскаже својата животна приказна во претстојниот документарен серијал.

Во исто време кога жената со која Арнолд ја изневерувал сопругата родила син, актерот добил уште еден син Кристофер со тогашната сопруга Марија. Сега е откриено дека во документарната серија Арнолд ќе зборува за моментите кога Марија дознала за аферата.

Во тоа време, никој не знаеше дека синот на Милдред е всушност дете на Арнолд или дека Кристофер е негов полубрат. Но, како што пораснал Џозеф, станало позабележително дека личи на славниот актер.

Дури во 2010-та година, кога Џозеф имал 13 години, дознал кој е неговиот биолошки татко.

Арнолд сега се отвори за аферата и за тоа како неговото „срце застанало“ кога Марија се соочила со него за аферата на советување.

-Еден ден, советникот рече: „Денес Марија сака да биде многу конкретна за нешто. Таа сака да знае дали си татко на Џозеф“. Мислев дека срцето ми застана. И тогаш ја кажав вистината, вели актерот, пренесува US Sun.

Зборувајќи за неговиот син Џо во документарната серија, Арнолд додаде:

– На почетокот навистина не знаев, но колку тој растеше, толку ми стануваше појасно. Тогаш беше само прашање: „Како да се молчи за ова“?

Арнолд тогаш признава дека аферата што ја предизвикал многу го мачела целото негово семејство и семејството на жената со која имал афера.

-Марија мораше да страда, децата мораа да страдаат, Џозеф, мајка му, сите. Ќе морам да живеам со тој терет до крајот на животот, додаде тој.

Откако Арнолд призна дека имал афера, Марија поднела барање за развод од бодибилдерот по 25 години брак, во 2011-та година. Двојката беше разделена речиси една деценија пред нивниот развод официјално да биде финализиран во декември 2021-ва година.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Тестирајте го видот: Колку брзо можете да ги забележите сите 8 разлики помеѓу овие две илустрации?

Angela

191 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Angela

Пет начини за губење на салото од стомакот

Angela